Конститутивна седница на албанскиот Парламент
По два и пол месеци од одржувањето на парламентарните избори денеска ќе се конституира новиот албански Парламент.
По верификацијата на мандатите на пратениците ќе биде избран претседател и тројца потпретседатели на Парламентот. Како победничка, спикерското место во и припаѓа на Социјалистичката партија,која за оваа функција го кандидира Грамоз Ручи.
Со седницата ќе претседава пратеникот од Социјалистичката партија Бесник Баре, откако како највозрасни, одбиле да претседаваат, најпрво Сали Бериша, а потоа и Тритан Шеху и Халим Косова, сите од Демократската партија.
На изборите одржани на 25 јуни, коалицијата „За Албанија која ја сакаме“, предводена од социјалистите на Еди Рама, освои 74 пратенички мандати во 140-члениот Парламент. Коалицијата на десницата „Нова Република“ предводена од демократите на Љуљзим Баша, 43 пратенички места, Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади (екс лидер Илир Мета) 19, три Партијата за единство и правда (партија на протераните Чами од Грција) и еден пратеник од Социјал-демократската партија.
Пратениците од опозицијата, предводени од демократите на Љуљзим Баша најавија дека ќе присуствуваат на седницата, но нема да го поддржат Ручи за спикер на парламентот.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија