Констатирани 4 прекршоци при сообраќајна контрола на влезот во Арачиново
Вчеравечер (07.07.2023) во периодот од 21.30 до 22.30 часот на влезот пред скопско Арачиново, од полициски службеници на МВР, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена е акциска контрола на лица кои управуваат возила, во однос на почитување на прописите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира МВР.
„За време на контролата биле констатирани четири сообраќајни прекршоци, од кои најмногу за управување возило без возачка дозвола и за непочитување на прописите кои важат за возач-почетник, непоседување на соодветна документација за возилото и неносење на заштитен појас, и сите се соодветно санкционирани,“ се наведува во полициското соопштение.
Оттаму информираат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во заедницата.
Ново на Сител
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
