Конкурс за нови композиции на „Охрид фест 2019“

Организаторите на Меѓународниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ распишаа конкурс за нови композиции, кои ќе бидат изведени на годинешното издание на фестивалот.
И годинава ќе имаме три фестивалски вечери и тоа Фолк вечер 5-ти, Поп вечер 6-ти, и Интернационална вечер 7-ми септември, 2019 година.
Услови за учество:
– Да се испрати демо снимка и текст на Македонски јазик;
– Наслов на композицијата;
– Назнака за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп, Фолк или Интернационална);
– Композициите да не бидат изведувани претходно;
– Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), електронска адреса и телефон за контакт.
– Новитет оваа година е што на фестивалот ќе се изберат двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо снимките од нивните композиции е потребно да бидат испратени со пропратни инструменти, пијано и гитара. Авторите своите композиции да ги испратат на електронските адреси: ohridfest.produkcija@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com. Конкурсот е отворен до 1-ви мај 2019 година, информираат организаторите.
Meѓународниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури 2019“, гледачите ќе имаат можност да го проследат на директен телевизиски пренос.
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
