Конкурс за најубаво украсено велигденско јајце
Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица распиша конкурс за најубаво украсено велигденско јајце по повод најголемиот христијански празник Велигден.
Како што истакна дииректорот на КИЦ „Романса“ Гоце Стојановски, поради големиот интерес на граѓаните и веселата атмосфера која се создава, овој настан стана традиционален.
- Целта е да се поттикне креативноста кај нашите сограѓани, но и да се изнесат на виделина мајсториите на домаќинките. Секоја година сум изненаден од креативноста на домаќинките. Најмногу на овој настан се пријавуваат поединечно граѓани кои носат најразлични декорации. Очекуваме оваа година да биде бројот поголем, а пријавувањето на конкурсот за најубаво украсени велигденски јајца ќе трае до самиот почеток на изборот за најубаво украсено велигденско јајце што ќе се случува на Велики петок пред соборниот храм во Македонска Каменица, рече Стојановски.
Тој додаде дека на конкурсот може да се пријават сита граѓани жители на Македонска Каменица.
- Изборот на најубавите три украсени велигденски јајца ќе го изврши комисија која ќе биде формирана со решение од КИЦ „Романса“. При изборот на најубавото украсено велигденско јајца комисијата ќе ги разгледува сите детали при украсувањето - од декорацијата и самата изработка на велигденските јајца, рече Стојановски.
За најдобрите три украсени велигденски јајца се обезбедени парични награди. Третата награда е 2.000 денари, втората 3.000 денари, а првата награда е 5.000 денари.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози
-
Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога