Конкретни проекти за соработка теми на заедничката седница на македонската и бугарската Влада

Можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката, се прашањата кои ќе ги разгледаат македонската и бугарската Влада на првата заедничка седница што ќе се одржи на 23 ноември во Струмица.
- Врз основа на постигнатите спогодби и во согласност со Договорот за пријателство, соработка и добрососедство ќе бидат потпишани билатерални документи. Напредокот во добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија ќе биде одбележан со усвојување на заедничка декларација, информираат денеска од Владата на РМ.
Одржувањето на заедничката седница беше договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов во Скопје во почетокот на август оваа година, кога беше склучен Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави.
Ново на Сител
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
