Конференцијата Microsoft Визија: Reloaded со над 350 посетители

Конференцијата Microsoft Визија: Reloaded, која се одржа на 17-ти и 18-ти овј месец предизвика голем интерес кај јавноста. Организаторите информираат дека за време на двата дена на Microsoft Визија конференција повеќе од 350 посетители имаа можност да чујат педесетина предавања од професионалци во ИТ индустријата од земјава и странство, како и да учествуваат во разни дискусии и панели.
Една од главните теми на конференцијата беше Дигиталната трансформација на бизнисите, а главен говорник беше Michael Kögeler, генерален директор за CEE Multi-country Europe во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа и кој со својот уникатен стил на презентирање ги воодушеви присутните. Според Kögeler, тектонските промени во информатичките технологии ја форсираат дигиталната трансформација која креаира раст, конкурентност, зголемена продуктивност и брз проток на информации преку трансформација на бизнис процесот, трансформација на продуктите и начинот на интеракција со клиентите и вработените.
- На Македонија и недостасуваше Визија, а овие два дена само го потврдија тоа. Мериот беше претесен за да ги собере на едно место сите заинтересирани ИТ и бизнис професионалци кои што имаа можност да ја откријат целата приказна за дигиталната трансформација и да ги дознаат потенцијалите и можностите за зголемување на продуктивноста користејќи ја технологијата во рацете на бизнисот. Овие два возбудливи дена само ни даваат поттик за да работиме уште од сега за следната Microsoft Визија: Reloaded 2017“, изјави Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово.
Во рамки на Microsoft Визија: Reloaded се одржа и Device Days, традиционален настан кој Microsoft секоја година го прави за своите партнери. За време на Device Days беа претставени новите функционалности на Windows 10 Pro како и новите уреди со Windows 10 достапни во Македонија. Исто така беше претставен и новиот Windows Server 2016 како и разни бизнис сценарија за компаниите од сите сектори.
На конференцијата, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација кои на самото место го полагаa испитот Microsoft Office Specialist.
Стратешки партнер на конференцијата беше компанијата Nextsense, а ексклузивен партнер компанијата IT Labs, додека златни партнери беа компаниите Cacttus, VEEAM, TDK и RRC.
Ново на Сител
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
-

Мицкоски: Брисел деновиве ќе соопшти дека од последни во регионот, сега сме рамо до рамо со Црна Гора
-

Зеленски бара објаснување за рускиот предлог за прекин на огнот
-

Доделени годишните новинарски награди на СЕММ, посебно признание и за Сител
-

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог
-

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај
-

Сирски нареди задолжителна ротација на украинските војници на првата линија на одбраната
