Македонија
13. December 2017 - 8:50

Конференција за зајакнување на младинскиот дијалог во духот на евроатланските интеграции

Завршна конференција за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-Атланските интеграции“ организираат денеска Евроатланскиот совет на Македонија и Цивика Мобилитас.

На денешната конференција ќе бидат презентирани резултатите од шеснаесетмесечното истражување за Зајакнување на младинскиот дијалог  за промоција на демократија во духот на Евро – Атлантските интеграции“.  

На конференцијата, на која воедно се одбележува 20 годишнината од основањето на Евро-атланскиот совет на Македонија, ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Евроатланскиот совет Исмет Рамадани, потпретседателот на на АТА Србија Владан Живуловиќ, а организаторите најавуваат и присуство на премиерот Зоран Заев.