Конференција за национални стандарди за младинска работа
Сојузот за младинска работа денеска организира конференција на тема „Важноста на постоењето на национални стандарди за квалитет на младинската работа и Национално портфолио за младинска работа, согласно европските практики и стандарди“.
На конференцијата најавено е обраќање на претставници од Агенцијата за млади и спорт, Националната агенција за европски програми и мобилност, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот културен центар од Битола, Сојузот за младинска работа и Коалицијата „СЕГА“.
Фокусот на конференцијата ќе биде ставен на сегашните трендови, тековните процеси и добри практики од земјите од регионот и ЕУ кои се тесно поврзани со препознавање на младинската работа како значајна професија за поддршка на развојот на младиот човек.
Ново на Сител
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин

