Конференција за Конвенцијата на ОН како механизам во борбата против корупцијата
Конференција на тема „Конвенција на ООН против корупција (УНКАК) и интегритетот, транспарентноста и антикорупциските превентивни политики“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).
Учесниците на конференцијата ќе дискутираат за значењето на Конвенцијата како механизам во борбата против корупцијата и за улогата на граѓанските организации и државните органи во процесот на нејзиното спроведување.
Според најавата од организаторите на конференцијата ќе се обрати министерката за правда Рената Дескоска, а покрај домашните граѓански организации и институциите, свои искуства ќе пренесат и меѓународните експерти, Вид Томиќ од Транспаренси интернешнал Словенија и Мет Тром од Бингам центарот за владеење на право од Велика Британија.
Конференцијата e организирана во рамките на проектот „Следење на антикорупциски реформи“, што го спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН.
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице