Македонија
6. November 2017 - 9:07

Конференција за климатски промени во Бон

Во Бон денеска почнува конференцијата за климатски промени „КОП23“, што ќе трае до 17 ноември. 

На конференцијата, на која ќе претседава Фиџи, ќе учествуваат 25.000 лица. 

Се оценува дека овогодишните разговори да бидат тензични, со оглед на најавата на претседателот на САД  Доналд Трамп за напуштање на Парискиот договор, како и поради тоа што делегациите ќе треба да изработат правилник, што ќе биде усвоен на следната конференција, што ќе биде одржана во Полска во 2018 година. 

По повеќегодишните напори да се најде компромис, сега треба да бидат дефинирани конкретни мерки, што пред се е во интерес на земјите кои најмногу се засегнати од климатските промени. 

Во мај, премиерот на Фиџи, Франк Бајнимарама наведе дека „мора да се слушне гласот на оние кои се најранливи“. 

- Но заедно мораме да зборуваме во името на целиот свет. На крајот никој не може да побегне од климатските промени, нагласи тој. 

На конфенрецијата ќе присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, како и заменик-секретарот на САД Томас Шенон.