Конференција за циркуларна економија
Конференција на тема „Циркуларна економија: Кон „Нула Отпад“ и младинско вработување“ организираат денеска еколошките организации Ајде Македонија и Гоу Грин во соработка со Цивика Мобилитас и Француската амбасада.
Што е тоа „циркуларна економија“, како овој концепт да ја развие македонската економија и како младите да се образуваат за да бидат дел од економски систем кој се насочува кон максимална употреба и реупотреба на ресурсите, а истовремено е и во хармонија со животната средина, се прашањата на кои ќе се обидат да одговорат голем број граѓански активисти, политичари, бизнисмени и професори од Македонија. Ќе стане збор и за потребата од нов економски модел кој ќе овозможи раст на економијата и постигнување социо-економска стабилност кај граѓаните.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата