Конференција: Младите не учествуваат во креирање политики на локално ниво
Поради слабата информираност, младите во Источниот регион не учествуваат во донесување одлуки и креирање политики на локално ниво, беше речено денеска на конференција во Штип.
- Младите во Источниот регион не се доволно информирани за организациите кои функционираат со цел да ги заштитуваат нивните права и интереси. Тие сметаат дека нивните права не се почитувани, а доколку имаат за цел да ги остваруваат своите права и интереси тие не се обраќаат во надлежните организации. Заклучивме дека во Исочниот регион главен механизам за вклучување на младите во процесите на донесување на одлуки и креирање на јавни политики се креирањето на Советите на млади, рече Филип Кулаков од Иницијатива за младинско учество.
Според учесниците на Младинската конференција, во поголемите градови во државата младите се поактивни, а пасивноста на нивните врсници во помалите градски и рурални средини во источниот регион се должи на немање младински организации кои би ги анимирале младите за ниво активно учество во креиреањето на тамошните општински политики.
- Во Берово нема здруженија кои ќе ги едуцираат младите за нивните права. Здруженијата за млади кои се во Скопје треба да најдат начин да отворат свои паралелни здруженија во малите општини, како што е Берово, за да ги едуцираат младите за нивните права и можности, вели Александар Чоловски од Советот на млади на Општина Берово.
Во рамки на Младинска конференција учествуваа претставници од осум младински совети од источниот регион.
Ново на Сител
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април