Македонија
31. October 2018 - 9:14

Конференција „Дали Македонското општество е подготвено да ги прифати потребите на дислексичарите?

Подигнување на свеста за дислексијата како специфична состојба која предизвикува потешкотии во учењето и овозможување дијалог со властите за започнување на процеси кои ќе водат кон создавање на инклузивно општество за учениците со дислексија, е целта на конференцијата „Дали Македонското општество е подготвено да ги прифати потребите на дислексичарите?”.

Конференцијата, која ќе се одржи во организација на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, е завршна активност во октомври, месец за подигнување на јавната свест за дислексијата и воедно е дел од проектот „Транспарентни информации за дислексијата” во кој беа вклучени медицинските установи каде се третираат лицата со дислексија и факултетите каде се изучува оваа состојба.

Здружението за дислексија во периодот од јуни до октомври го спроведе проектот финансиран од Фондацијата „Отворено општество Македонија“. Цел на проектот е граѓаните да добијат транспарентни информации за дислексијата, во однос на нејзиниот третман, достапните методи за корекција и компетенциите на стручните лица за работа со дислексичарите.