Конференција: Целосно вклучување на Роми во редовниот образовен процес

Во рамки на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за унапредување на напорите за образовна инклузија на Ромите“ денеска се одржа завршната конференција „Образование за сите“.
Целта на настанот, како што посочија претставниците на проектот, е да се презентираат постигнатите резултати во рамки на проектот, како и да се промовираат клучните препораки за унапредување на образовната инклузија на Ромите, како и обезбедување на еднаков пристап до квалитетно образование.
-Особено е важно дека со овој проект активно се работеше на унапредување на соработката помеѓу националните, локалните институции и граѓанските организации, се со цел да се создаде соодветна граѓанска средина за целосно вклучување на учениците Роми во редовниот образовен процес, посочија тие.
– Главниот столб за иднината на една заедница е образованието, истакна на конференцијата пратеникот Самка Ибраимоски и посочи дека за да се завршат сите работи кои им се потребни за Ромите, треба и тие да бидат вклучени во институциите.
Со овој проект беа поддржани 11 потгрантови преку кои беа промовирани позитивни практики за успешно вклучување на децата Роми во редовното образование.
Проектот се имплементираше две години, започнувајќи од јануари 2017 година и истиот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
