-->
-->
Коневски: Со освојување 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема да се редефинира
-->

ВМРО-ДПМНЕ бара масовна поддршка од граѓаните на 11-ти декември. Со освојување 63 пратеници, најавите на аболицираниот Зоран Заев за менување на Уставот и воведување двојазичност на целата територија ќе останат уште една срамна страница во историјата на СДСМ. Со освојување 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија нема да се редефинира. Ова на денешната прес-конференција го соопшти Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Македонците кои не се согласуваат да се доселуваат и вработуваат Албанци во администрацијата во Струмица, Штип, Радовиш, Аеродром, Карпош, Центар и останатите општини и градови само заради обидот на аболицираниот Заев да освои некој глас повеќе, не се грдото лице на Македонија.
- Грдото лице на Македонија е токму аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој е човекот кој предлагаше виткање на кичмата. Тој е човекот што на маса ги става највисоките национални интереси и заговара промени на Уставот на Република Македонија, рече Коневски.
Нагласи дека Заев ги навредува сопствените сограѓани само за да им се додвори на гласачите Албанци.
- Ваквото однесување на аболицираниот криминалец Зоран Заев е срам за државата и за сите оние кои го положија животот за независна Македонија во каква што ние денес живееме. Сега не е време за редефинирање на државата. Сега е време да му се каже збогум на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата деструктивна, лицемерна и антидржавна политика, истакна Коневски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кварацхелија: Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично
-

Арагчи: Убиството на Лариџани нема да го дестабилизира Иран
-

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата евроинтеграциска определба
-

AХВ: Вонредните контроли потврдуваат подобрување на безбедноста на храната во домовите за стари лица
-

Зеленски ги повика Трамп и Стармер на состанок за подобрување на односите
-

Меџити: Чаир се мобилизира за Рамазан Бајрам – започна интензивна акција за чистење во текот на ноќта
-

Штрајк го парализира патничкиот сообраќај на аеродромот Бранденбург во Берлин
-

Најстудено утро и најмногу дожд на Попова Шапка
