Конечно успеаја - Научниците открија тајна стара 350 години

Научниците успеаја да разрешат една мистерија стара повеќе од три века - зошто нишалата на ѕидните часовниците поставени еден покрај друг автоматски се синхронизираат.
Оваа необична појава дека нишалата на часовниците обесени на ист ѕид се движат усогласено, уште во 1665 година ја забележал холандскиот физичар Кристијан Хујгенс. Тој заклучил дека независно од почетната положба, нишалата набрзо се усогласуваат.
Мистеријата долго време беше нерешена, но сега група научнициите од Универзитет во Лисабон во списанието „Нејчр“ објавија заклучок од нивното истражување во кој се тврди дека звучните импулси - звучниот бран е преносник на енергијата - преминуваат од еден часовник на друг и така се нишалата се усогласуваат.
Научниците го потврдија својот теоретски модел со помош на два часовници со нишала поставени на алуминска плоча прикачена на ѕид. Тие заклучиле дека на промената на брзината на движењето на нишалата влијае звучниот импулс.
- Освен што е откриена старата тајна, откритието отвора пат за разбирање на другите типови на осцилатори, како електронските, изјави еден од авторите на истражувањето Луис. В. Мело.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
