-->
-->
Конечно откриено: Еве колку тежи Михаил Шумахер
-->
Германскиот весник „Бунте“ открива кој човек има пристап до целото богатство на Михаел Шумахер.
Како што открива германскиот весник, богатството на седумкратниот шампион се проценува на околу 800 милиони евра, а целосен пристап до него има неговиот татко, Ролф Шумахер. Весникот открива дека оваа одлука е донесена уште во 1992 година, кога со документ заверен на нотар, еден од најдобрите возачи во историјата му дава право на неговиот родител да го застапува.
Но, како што пишува германскиот медиум тоа не значи дека Корина, сопругата на Михаел, треба да бара од својот свекор доколку сака да ги користи финансиите на својот сопруг.
За време на скијање пред четири години Шумахер беше сериозно повреден. Многу од неговите средства се трошат токму на неговиот третман. Сепак, при подигнување на големи суми, Корина мора да побара дозвола од специјална канцеларија во Швајцарија, која ги штити правата на луѓето, се наведува во текстот на „Бунте“.
Оттаму додаваат дека не постои конфликт меѓу Ралф и неговата снаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите