-->
-->
Конечно избори: Постигнат договор, народот одлучува!
-->

Со аплауз од страна на учесниците во тешките и долги разговори беше поздравен договорот со кој Македонија се очекува да излезе од повеќемесечната политичка криза. Еврокомесарот Јоханес Хан истакна дека е договорено да има избори, без да прецизира кога тие ќе се одржат. Сепак тој нагласи дека е постигнат договор кој ќе значи напредок на Македонија.
- Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи. Треба да сме горди на лидерите, рече меѓу другото еврокомесарот.
Политичките лидери не дадоа изјави. Преговорите почнаа уште во текот на претпладневните часови и тоа во седиштето на Мисијата на ЕУ во Македонија. Првично еврокомесарот Хан, придружуван во тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Кукан се сретна со лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот