Концерти и претстави во Гевгелија за Нова година

Во соработка со културно уметничките друштва, градскиот хор и училишните музички и драмски секции, општина Гевгелија на своите граѓани им подготвува богата културна програма која ќе изобилува со претстави и концерти посветени на Новата година и Дедо Мраз.
Реализацијата на програмата ќе почне на 20 декември со претставата „Спанаќ со пржени компири“ во изведба на театарот „Џинот“ од Велес, а серијата новогодишни концерти ќе ја отвори градскиот хор „Гортинија“ на 23 декември за кога е најавен и концертот на ансамблот „Бојмија“.
На 25 декември учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија пред врсниците и родителите ќе ја изведат својата новогодишна претстава, а 26 декември е термин резервиран за стенд ап комедијата на Бојан Велевски.
Гевгелиските гимназијалци со новогодишните претстави поветени на Новата година ќе настапат на 28 и 29 декември, а ден подоцна програмата чиј што покровител е општина Гевгелија, ќе заврши со традиционалниот новогодишен концерт на учениците од музичкото училиште „Васо Карајанов“.
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
