Концерт на виолинистката Ванеса Меј во Вип Арена „Борис Трајковски“

Популарната британска виолинистка Ванеса Меј вечер ќе гостува во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, што ќе биде единствен настап на познатата музичарка во регионот. Концертот го организира Прагма продукција со поддршка на Министерство за култура и Македонската филхармонија.
Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј е британска мегапопуларна виолинистка. Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана „чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби. Уште на 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот „Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ-листите во над 20 земји од светот.
Првиот солистички концерт го имала на само 9 години, а на 10 веќе настапувала со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавила три албуми. Ванеса Меј е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најмлад инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски. Таа е и прв изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата „Најдобар женски изведувач”.
Во 2006 година е рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот.
Ново на Сител
-

Почина Рејчел Нахмијас (108), најстарата битолска Еврејка која го преживеа Холокаустот
-

Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: Фокус на работниците и отворање нови можности за вработување
-

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководство
-

Се намалуваат водостоите на реките
-

Чупиќ: Треба добро да се подготвиме за тоа што не очекува
-

Кансело потпишува договор со Барселона
-

ФИФА продолжува со казните - олеснета касата на ФС Црна Гора
-

Касаи ќе се натпреварува на 54 години
