Концерт на Стинг во Скопје
Легендата на светската рок-сцена Стинг вечер ќе одржи концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум.
Неговата промотивна турнеја почна во февруари годинава и ги опфаќа сите континенти. На турнејата Стинг свири неколку песни од новиот албум, како и најголемите хитови од соло-кариерата: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на групата „Полис“: „Message in the bottle“, „Walking on the Мoon“, „Every breath you take“…
Стинг ќе настапи со своите долгогодишни соработници - гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин ќе биде неговиот син Џо Самнер, соопшти Авалон-продукција која го организира концертот. Тој беше распродаден за само 10 часа уште на првиот ден (2 јуни) кога билетите беа пуштени во продажба.
Минатиот месец рок-ѕвездата настапи во Софија и во Белград, пред вкупно 30 илјади публика, со песни од новиот албум насловен како и турнејата „57th & 9th“.
- Како и на целата светска турнеја, Стинг доаѓа со комплетно сопствена продукција, односно звукот, светлото и видеото во Скопје ќе бидат истите како и низ целиот свет, информираше Авалон.
Продукцијата наведува дека салата во „Борис Трајковски“ по изработката на акустиката ги има сите услови за овој тип концерти на ниво на која било сала во регионот и во Европа.
- Концертот на Стинг во Скопје носи префикс на ексклузивен, не само поради фактот што Стинг е првиот од А-листата на артисти од светската музичка индустрија којшто доаѓа во Скопје, туку и поради тоа што концертот се одржува во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што Стинг настапува, соопшти Авалон.
Ново на Сител
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители
-
САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија
-
Битолчанец нападнат со кујнски нож додека си ја редел тезгата во „Новиот пазар“
-
Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти