Концерт на „Симбиоза“ во Сули ан

Во рамки на Скопско лето вечер во Сули ан ќе се одржи промотивен концерт во рамки на проектот „Симбиоза“ под диригенство на Бехар Весели, а композитор и аранжер е Дамјан Темков.
На програма ќе бидат „Параходот/Na leu dielli“, „Stade se cvijeche rosom kititi“, „Hava nagla/Wein aa Ramallah/Eretz zavat chalav“, „Auf de schwab`sche Eisenbahne/Kalinka„...
„Симбиоза“ е вокален ансамбл што претставува сплетови од песни кои се значајно национално обележје на земјите од каде потекнуваат музичарите. Како инструемнталисти настапуваат Симона Богоевска харфа, Виктор Николовски бас гитара, Кренар Исмаили виолина, Благојче Пенов ударалки, Дориан Јовановиќ ут, Илија Илиевски кавал, тамбура.
„Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници Дамјан Темков и Бехар Весели наставници во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“. Преточен е во музицирање, првенствено на млади Македонци и Албанци, но и други ентикуми во државата.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
