Концерт на рускиот пијанист Коробеиников на Охридско лето
Љубителите на класичната музика вечер во црквата Света Софија ќе имаат можност да го проследат концертот на рускиот пијанист Андреј Коробеиников во рамките на 55. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Коробеиников кариерата ја почнал на осум години со изведба на првиот рецитал во Баку, Азербејџан. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои прва награда на интернационалниот натпревар за пијано „Александар Скрјабин“ и втора награда на интернационалниот натпревр за пијано „Сергеј Рахмањинов“ во Лос Анџелес, а учествувал на повеќе престижни фестивали во светот.
Соработувал со повеќе реномирани диригенти, како Јуриј Темирканов, Владимир Ашкенази, Иван Фишер, Око Каму, Питер Старк, Александар Рудин, Росен Геров, Максим Шостакович...
За Коробеиников камерното музицирање е посебна страст иако најчесто настапува како солист. Соработувал со некои од најголемите виолинисти на денешницата меѓу кои Вадим Репин, Дмитриј Махтин, Алина Ибраимова, виолончелистите Алњксандар Књазев, Јоханес Мозер и Татјана Василева, пијанистите Борис Березовски, Александар Палеј, Икујо Накамичи... Има свирено во Лондонскиот симфониски оркестар, Националниот оркестар на Франција, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Чешкиот и Токискиот филхармониски оркестри и многу други.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија