Концерт на пијанистката Огненка Герасимовска - Димитровска
Во концертната сала на факултетот за музичка уметност – Скопје вечер рецитал ќе одржи пијанистката Огненка Герасимовска - Димитровска. На програмата се дела од композиторот Јоханес Брамс и тоа пијано сонатата об. 1 оп. 1, шест дела оп 118 и четири дела оп. 119.
Герасимовска – Димитровска основното и средното музичко училиште го заврши во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј” во класата на проф. Рита Трпчева – Попович, дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов. Во моментов го работи својот докторски труд во класата на проф Волфганг Манц од Нирнберг, Германија.
Добитник е на голем број државни и меѓународни награди како наградата „Климентина Рафајловска” за најдобар матурант, наградата „26 јули – Франк Манинг” за најдобро дипломиран студент во учебната 2006/2007 год на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, I награда на меѓународниот пијано натпревар „Николај Рубинштајн” во Париз, Франција, II награда на меѓународниот натпревар „Виртуози за музика на пијано” во Усти над Лабем, Чешка, Лауреат на ЕПТА – меѓународен натпревар на млади пијанисти во Осијек, Хрватска, I награда на „Интерфест Битола” – интернационален натпревар за млади пијанисти, специјална награда за најперспективен млад пијанист доделена од Сојузот на музичките уметници на Република Македонија, III награда на пијано натпреварот „Карл Дрецхел” во Нирнберг, Германија.
Се има претставенона на голем број концерти во Македонија, Србија, Хрватска, Русија, Франција, Украина, Романија, Чешка, Косово, Израел, Германија, Австрија,...
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот