-->
-->
Концерт на пијанистката Даница Стојанова во Софија
-->
Во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, со свој солистички концерт вечерва ќе се претстави пијанистката Даница Стојанова. На програмата ќе бидат изведени дела од македонските композитори Томислав Зографски, Ристо Аврамовски и Гоце Коларовски и две дела од Фредерик Шопен и Николај Меднер.
Македонската пијанистка пред публиката во Софија ќе биде претставена од Васко Шутаров, директот на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија и Елена Драгостинова, директор на Спомен куќата "Борис Христов". Концертот е дел од годишната програма на македонскиот Центар во Софија за 2016 година и е поддржан од Министерството за култура.
Даница Стојанова е родена во Струмица, каде го завршува основното музичко образование. Школувањето го продолжува во Средното училиште ДМБУЦ "Илија Николовски Луј" во Скопје, а во меѓувреме соработува со професорите Трбојевиќ и Валдма на Музичката Академија во Белград. Своите студии по пијано ги завршува кај проф. Јокут Михајловиќ, а магистрира на ФМУ Скопје, кај проф. Е.Трпкова. Работела со светски познати музички педагози, како Жени Захариева, Акил дел Вињ, Жак Рувие, Људмила Рошчина.
Даница Стојанова како солист настапувала со Македонскта филхармонија и Видинската филхармонија (Р.Бугарија), а со свои солистички концерти се има претставувано во Бугарија, Турција, Германија, Франција, Италија, Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина