Концерт на Енрике Иглесијас вечер во Скопје

Енрике Иглесијас - кралот на латино-поп музиката, вечер во ВИП Арената во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одржи концерт во рамки на неговата светска турнеја насловена „Секс енд Лав“ (Sex and Love).
Организаторот на гостувањето Денис Илиоски од Авалон Продукција посочи дека станува збор за историски концерт затоа што во Македонија доаѓа пејач од А-листата на светски изведувачи, но и суперексклузивен бидејќи капацитетот на салата е убедливо најмал од сите простори на кои Енрике настапувал во изминатите 10 години низ светот. Имено, пуштени се само 8.000 билети во продажба.
Инаку, светската поп ѕвезда доаѓа овој месец специјално во Македонија, со оглед дека во мај месец во регионот веќе одржа концерти во Белград, Загреб и во Софија.
Енрике немал посебни барања во однос на сместувањето и храната, но инстирал повеќе на технички аспекти за организацијата на концертот. Предгрупа нема да има, а вратите на арената ќе бидат отворени еден час пред концертот кој треба да почне во 21 часот.
На концертот ќе биде промовиран неговиот последен студиски албум, а Енрике ќе ги изведе и неговите добро познати хитови како „Bailando, El Perdon, Not in Love, Hero, Tonight, Bailamos итн.
Кралот на латино-поп музиката, како што го нарекуваат медиумите, досега има продадено над 140 милиони албуми во светот и е единствениот музички уметник кој дури 13 пати бил на првото место на Bilboard dance листата. Соработувал со бројни светски ѕвезди, а добитник е и на повеќе значајни награди меѓу кои “Греми“, „Билборд“ и „Американ Мјузик Авард“.
Веднаш по Иглесијас, во организација на Авалон Продукција утре вечер во Скопје ќе настапи и Џон Њуман, големо светско име на соул музиката.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
