-->
-->
Концерт на дуото „Скупи“ во Кавадарци
-->

Концерт на дуото „Скупи“ се одржа синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Јета Старова Мехмети на флејта и Ермаљ Мехмети на виолина се претставија со „Македонски звуци“.
Говорејќи за животот и делото на уметниците, кои имаат освоено бројни награди и признанија во земјава и странство, актерот Диме Коцевски истакна дека дуото „Скупи“ постои од 2006 година.
- Оттогаш со голем успех настапува на значајни фестивали, манифестации и рецитали во Македонија, Европа и САД, рече Коцевски.
Дуото е добитник и на статуетката за хумани и музички активности „Мајка Тереза“. Има издадено два албума од кои едниот се преработки на стари албански песни и теми, а другиот преработки на македонски стари песни и ора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
