-->
-->
Компанијата „Пиксел Груп“ одбележува една година работење
-->

Компанијата „Пиксел Груп“ денеска ќе одбележи една година од отворањето на првата фабрика за производство на фотоволтаични соларни модули во кругот на фабриката „Раде Кончар“ во Скопје.
„Пиксел Груп“ засега е единствена фабрика од ваков тип во државава и во регионот. Се простира на површина од 1.500 квадратни метри и ќе има капацитет за годишно производство на 20 мегавати монокристални и поликристални соларни модули.
Целта на оваа инвестиција е да се стимулира производството на соларна енергија како предуслов за зачувување на природната средина и да се овозможи одржливо и ефикасно снабдување на електрична енергија произведена од сончевата светлина.
Инвестицијата за првата година изнесува пет милиони евра, а вработени се 20 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
