Компанијата „Елсеведи електрик“ заинтересирана за инвестирање во Македонија

Премиерот Зоран Заев имаше средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи Електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженерот Ахмед Ел Севеди, на која се разговарало за можностите за инвестирање во земјата. На средбата присуствувал и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“ која е дел од групацијата „Елсеведи“.
Владината прес-служба информираше дека претставувајќи ја компанијата, Ел Севеди покажал особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија посебно во областите каде фирмата е лидер на пазарот и тоа за обезбедување целосни и интегрирани енергетски решенија во различни сектори како што се: проводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија.
Заев изразил задоволство од посетата на претставниците на компанијата, како и од покажаниот интерес од словенечката компанијата „Искраемеко“ која е меѓу водечките светски компании во мерните производи, системи и услуги на електричната енергија.
Во соопштението се посочува дека премиерот ги информирал соговорниците за новиот Закон за енергетика, во кој се содржани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет, како и дека Македонија е на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи.
Се разговараше и за отворените можности за инвестирање во железничкиот сообраќај, енергетската инфраструктура, хидроенергетскиот систем и секторот за природен гас.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
