Македонија
18. December 2017 - 8:39

Комората на овластени архитекти и инженери одбележува 10-годишен јубилеј

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија денеска ќе ја одбележи 10-годишнината од своето основање.

Како што индормираат од Комората, на настанот ќе присуствува министерот за економија, Крешник Бектеши, а ќе се обратат министерот без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, Миле Станковски претседавач на Собранието на Комората, Миле Димитровски претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија

На заслужни инженери и архитекти на свеченоста ќе им бидат доделени награди, плакети и благодарници.