-->
-->
Комити: Да го зачуваме имиџот и да навиваме спортски
-->

Во пресрет на претстојниот квалификациски дуел со Аполон од Кипар кој се игра вечерва во 20ч на Филип втори навивачката група „Комити“ се огласи со соопштение:
„Ден пред дерби…
Атмосферата се вжештува, адреналинот и возбудата се обидуваме да ги дозираме за да го доживеат максимумот утре, и тоа не утре само од 20ч. до завршување на натпреварот, туку порано, уште од 17ч…
Секој оној кој себеси се идентификува како припадник на една организирана формација со име “Комити” треба да внимава на секој свој чекор, секое однесување на поединецот дава мала слика за комплетниот имиџ на организацијата. Утре е потребно сите ние да бидеме заедно како еден уште пред почетокот на натпреварот, заедно да се помолиме во Соборниот Храм на севишниот бог, за да им даде сила на ‘гладиаторите’ во црвено-црно, кој неколку часа подоцна ќе се соочат со мотивиран противник дојден во нашиот неприкосновен дом, нашата градска арена за да го оспори суетниот домаќин и владетел, да не оспори нас…
Армијата го најавува својот марш од Соборна до Арената утре точно во 18:30ч. Тргнуваме за да ги здрмаме улиците на главниот град, со едногласна песна за нашата љубов, да го подигнеме моралот до небо, да прогласиме вонредна состојба и да го активираме заспаниот Вулкан од Градскиот Парк. Своето членство го повикуваме да биде на време на поаѓање, да биде во парадна униформа (Сите во Црно!), симболично на противникот да му ја покажеме бојата на неговата судбина, да го покажеме нашето едниство и одлучност, да покажеме дека утре нема компромиси, Одиме единствено на победа!
Групата одлучи да ги награди своите најконстантни членови, оние кои минатата сезона покажаа најголема верност, приврзаност и лојалност, и притоа имаат извадено членски карти, за нив по цена од 200 денари им следува нова маица покрај билет за Западниот дел од Арената. За останатите стандардно 100 ден карта.
Комити Запад не се само навивачка група, ние сме многу повеќе од тоа, ние сме најголемиот собир на одбрани момци со најкомплетни перформанси, групација со армиски карактеристики, најпосветени, најконстантни, сила на која мора да се смета, историски континуитет кој датира со векови, врежан во генетскиот код на секој Македонец, реинкарниран со идеата за независна Македонија…Ние тоа ќе го покажеме и утре, секој од нас ќе го даде својот придонес, најмалку што може да направи секој е да ги слуша инструкциите на оние кои покрај навивањето на натпреварот преземаат и дополнителни обврски, за нашата група да го зачува имиџот на врвно организирана и компактна организација достојна за почит, од сите, достојна да биде наречена Институција…
Дополнително инфо: Најлојалните членови со членска карта од изминатата сезона ќе можат да ги купат маицата и картата уште вечер од 20ч. на ЛФ Арена во Капиштец.
21.07.2015 Собир 17ч. Соборен Храм
Напред ВАРДАР во срце те носам !!!“
„Комити“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
