Македонија
1. February 2019 - 8:29

Командантот на силите на САД за Европа, генерал-потполковник Каволи во посета на АРМ

 Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе престојува командантот на силите на САД за Европа, генерал-потполковник Кристофер Каволи.

Генерал Каволи во Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, ќе има средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Васко Ѓурчиновски.

Тема на разговорите, како што соопштија од Канцеларијата за односи со јавност во ГШ на АРМ, ќе бидат меѓусебната соработка и учеството на претстојните заеднички активности на АРМ и командата на силите на САД за Европа.

Генералот Каволи ќе биде информиран и за процесот на трансформација на АРМ, како и со учеството на АРМ во заедничките вежби со припадниците на силите на САД за Европа во тековната година.