Колумбија денеска ќе потпише мировен договор со ФАРК

Колумбиската Влада и групата Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) денеска во Богота ќе потпишат нов мировен договор, со кој се става крај на вооружениот конфликт, кој трае повеќе од половина век.
- Делегациите на Владата на Колумбија и на ФАРК прифатија на 24 ноември во 11:00 часот (16 според Гринич) во Богота да потпишат договор за ставање крај на конфликтот и постигнување одржлив мир, соопштија во заедничката изјава преговарачите од двете страни .
Тие нагласија дека потоа новиот договор ќе биде претставен пред колумбискиот Парламент, со цел да биде одобрен.
Претходниот договор со ФАРК на референдум беше отфрлен од страна на Колумбијците .
Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе одби да го поддржи новиот договор.
Урибе ја предводеше кампањата за поништување на претходниот договор, која доведе до негово отфрлање.
Според Урибе над 50-те промени во договорот ќе ја стават под закана демократијата во Колумбија, бидејќи со нив не се казнуваат доволно бунтовниците за злосторствата кои ги извршиле.
Ново на Сител
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
