Кокс: Постои огромна опасност од употреба на нуклеарно оружје во Европа
Директорката на Директоратот за нуклеарна политика во НАТО, Џесика Кокс, денеска изјави дека постои огромна опасност нуклеарното оружје да се користи во Европа.
„Русија се заканува со нуклеарно оружје. Гледаме дека Владимир Путин и руските официјални лица коментираат за ова прашање. Влегуваме во време кога опасноста од употреба на нуклеарно оружје се зголемува во Европа. Мораме многу сериозно да ги сфатиме сите овие руски акции и закани“, изјави Кокс за финскиот весник „Илта Саномат“.
Меѓутоа, според неа, и покрај заострената реторика засега нема значајни промени во нуклеарната политика на Русија од почетокот на конфликтот во Украина.
„Важно е да се знае дека руското нуклеарно оружје е секогаш во состојба на готовност. Иако не се гледаат значајни промени, не смееме да се олабавуваме“, рече Кокс.
Таа додаде дека е убедена дека рускиот претседател Владимир Путин ќе употреби нуклеарно оружје доколку работите тргнат по лошо за Москва да го промени исходот од војната.
„Навистина опасно е сценариото да се мисли дека нуклеарното оружје ќе биде употребено за првпат по повеќе од 70 години. Постојано сме загрижени за ова сценарио. Меѓуитоа, во моментов не гледаме дека работите се развиваат во таа насока“, кажа Кокс.
Таа нагласи дека НАТО во моментов не планира никакви промени во однос на базите за нуклеарно оружје во Европа.
„Знам дека многу се зборува за тоа во медиумите, но мислам дека нуклеарното оружје што САД го постави во Европа е на добро место и нема причина да се смени нивната локација“, додаде директорката на Директоратот на НАТО за нуклеарна политика, Џесика Кокс.
Ново на Сител
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина