Којзеклиска:Заев и неговите најбиски соработници тежат над 40 милиони евра
Зоран Заев и неговите најбиски соработници тежат над 40 милиони евра, изјави денеска Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Толкав е имотот на првиот ешалон во Владата стекнат, како што самите велеа, во режим. Само Заев и министрите поседуваат над 50 луксузни станови, куќи, викендици и хациенди во државата и странство во вкупна површина од над 8.000 метри квадратни или цела 15 катница, изјави Којзеклиска.
Самопрогласените жртви на режимот, продолжи таа, имаат возен парк на кои може да им позавидат и арапските шеици, 35 луксузни автомобили меѓу кои може да се сретнат елитните марки Масерати, Порше, Мерцедес и Ауди, во вкупна пријавена вредност од над 700.000 евра.
- Самопрогласените жртви на режимот поседуваат и уметнички слики, брендирани часовници и накит во вредност од над 300.000 евра. Паднаа сите маски, излегоа на површина сите лаги и манипулации. Додека СДС обвинуваше за режим и диктатура нивните функционери ги полнеле банкарските сметки и си купувале милионски имот во земјата и странство, изјави Којзеклиска.
Посочи дека со објавувањето на анкетните листови од страна на Заев и неговите министри, граѓаните можат да видат дека додека тие обвинуваа за режим, диктатура и неправда направиле огромен имот недостижен за мноштвото граѓани.
- Додека Заев зборуваше за режим неговите фирми свртеле над 200 милиони евра, а неговото семејство по негово признание направило богатство од 6-7 милиони евра, додека неговиот министер газда Кочо во режим успеал да направи дури 28 милиони евра капитал. Додека зборуваше за режим Шекеринска купила 4 стана. Роберт Поповски успеал во диктатура да направи богатство од 300.000 евра, да има три стана и една куќа. Шапуриќ, Самка и Зорица Апостолоска стекнале имот од околу 1.5 милиони евра. Никола Димитров успеал да стекне над 800.000 евра капитал, а неговиот колега Спасовски 300.000 евра, сето тоа додека им зборуваа на граѓаните дека нема еднакви можности и дека во Македонија владее режим, изјави Којзеклиска.
Според Којзеклиска Владата на СДСМ не е на граѓаните, туку е на елитите.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел