-->
-->
Кој е Даут Динарица, еден од напаѓачите во Пасатот
-->

Еден од лицата со дебело криминално досие, кој во петокот навечер го бркал Диме Спасов по скопските улици, е близок роднина со арачиновец осуден за убиство на полицајци, пишува Нетпрес.
Имено, според информации до кои дојде Нетпрес, Даут Динарица е прв братучед со Лирим Динарица, осуден во случајот со убиството на тројцата полицајци на влезот на скопското село Арачиново во јануари 2000-та година.
Таткото на Даут Динарица, кој го бркаше Диме Спасов и вчера излезе во одбрана на Оливер Спасовски, Рамадан Динарица, е брат со Хамза Динарица, кој пак е татко на Лирим Динарица, велат извори на порталот.
Лирим Динарица беше првообвинет за убиството, кое се случи вечерта на 11 јануари, на полицајците Кирил Петрушевски (23), Ерол Готак (27) и Ацо Ангеловски (26).
Според обвинението, во тројцата полицајци пукале со автоматски пушки и со пиштол, по што со неколку автомобили веднаш побегнале од местото на злосторството.
Во текот на истрагата уапсени и притворени беа повеќе лица. За време на истражната постапка Лирим Динарица го признал убиството, но потоа во текот на судењето го повлекол својот исказ.
Осудени на затворски казни беа Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрулај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
