Коѕијас: Со зајакнување на довербата до решавање на проблемите
Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска разговарале за разликите околу името, но повеќе, како што појасни македонскиот министер, за самиот процес за тоа како тој ќе се одвива, за методот и модалитетите, но и за што се интересите и грижите на двете страни по ова прашање за да има поголемо разбирање во однос на тоа како едната и другата страна го перципираат проблемот.
На средбата, како што истакна Димитров, тој изразил надеж дека Грција ќе ја препознае новата реалност во Република Македонија и искрената желба за пријателство.
- Очекуваме и се надеваме на помош и поддршка во нашите европски интеграции и сакаме една со друга да гледаме пријател и иден сојузник и да не се надмудруваме, рече Димитров.
Министерот Коѕијас истакна дека двете земји се мошне блиски соседи кои ги поврзуваат многу работи и затоа треба да се продолжи со градењето на мерките на доверба и решавање на проблемите во интерес на нивните граѓани.
- Грција поддржува и продолжува да ја поддржува со сите нејзини сили стабилноста, суверенитетот на оваа пријателска северна земја. Оваа ваша стабилност ја храни нашата стабилност, а нашиот развој ги храни и вашиот развој и стабилност, истакна Kоѕијас.
Додаде дека Грција се залага за стабилност на двете земји и на нивните меѓусебни врски и релации, за неменување на граници и на едната и на другата земја, за суверенитетот на секоја држава, но, како што рече, и за развојот на сите земји од Западен Балкан. Тој верува дека влегувањето на Западниот Балкан и посебно на Македонија во НАТО ќе биде добро за развојот на целиот регион.
На средбата двајцата министри разговарале за мерките за градење доверба, за унапредување на односите во делот на полициската соработка и безбедноста, во сферата на образованието, економијата..
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот