Коѕиас и Гутереш разговарале за името на Македонија
Прашањето за името на Скопје, Кипар и реформите во Обединетите нации биле главните теми за кои синоќа во Њујорк разговарале грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
Според Коѕиас, разговорот бил „интересен“, а Гутереш го поздравил и ставот на Грција за миграцискиот проблем.
Во врска со проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија и разговорите со посредништво на медијаторот Метју Нимиц, Коѕиас рекол дека „постои отворен прозорец за можности“ да се разговара по завршувањето на локалните избори во октомври и доколку „соседната земја го напушти иредентизмот“.
Прес службата на ОН, како што објави грчкото МНР на Твитер, по средбата издала соопштение во кое, меѓу другото, се вели дека генералниот секретар ги поздрави обновените напори за наоѓање решение за спорот за името и го уверил грчкиот министер за надворешни работи во посветеноста на ОН да ги поддржи двете земји во овој контекст.
Ново на Сител
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар