Коѕиас: Албанија може во ЕУ само под определени услови
Албанија ќе добие членство во ЕУ само под определени услови, се наведува во писмото-одговор на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас до пратениците од опозициската партија Нова демократија, Дора Бакојани и Јанис Кефалојанис, а во врска со извештајот за напредокот на Албанија изготвен од Европската комисија и подготвеноста за почнување на пристапните преговори, пренесува весникот „Катимерини“.
Актуелната влада во Атина нема намера да ги повтори грешките за Албанија, што ги дозволија претходните грчки влади, истакна првиот грчки дипломат.
- Ги уверувам пратениците дека за разлика од претходните грчки влади, во текот на чиј мандат Албанија влезе во НАТО, без компензации, и доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, без да ги исполни соодветните барања, а најмногу оние што се однесуваа на заштитата на правата на малцинствата, сегашната влада нема намера да ги повтори нивните грешки, посочи Никос Коѕиас во својот одговор до двајцата пратеници конзервативци од опозицијата.
Ново на Сител
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...