Кочанските пожарникари апелираат на внимание и превенција на пожари

Територијалната противпожарна единица на Кочани која ги поктива и општините Зрновци и Чешиново Облешево, во соработка со Полициската станица и Подрачната единица на Министерство за земјоделство, ги започна активностите за заштита на населението од пожари.
Со посета на месните заедници во полскиот дел од општините во регионот, се апелира за поголемо внимание, најмногу до земјоделците кои ги палат своите стрништа, дека поради топлото време и појавата на ветер, постои опасност за предизвикување поголеми штети.
Од ТППЕ Кочани информираат дека од почетокот на оваа година досега се регистрирани 123 пожари што е 40-тина пожари повеќе во споредба со истиот период лани. Од нив 39 пожари се на отворен простор.
- Иако годинава се намелени пожарите во ридско планинскиот терен на Осоговијата, сепак, во два пожара е уништена борова и дабова шума на површина од 40 хектари, изјави Дејанчо Арсов, командир на ТППЕ на Кочани.
Бидејќи кочанската територијална противпожарна единица ги покрива и општините Зрновци и Чешиново Облешево, Арсов додава дека најголем број пожари 60 се регистрирани во општина Чешиново Облешево, додека во општина Зрновци бројот на пожарите е намален и за овој период од годината изнесува само 10.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија
-

ТФТ го загуби и вториот натпревар против Борац во баражот за АБА лигата
-

Алегри по поразот од Аталанта: Примивме гол уште од самиот почеток, а потоа се распаднавме
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за cанација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Апелациски суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања и Панче
