Книжните 10-ки и 50-ки по 15 мај ќе се менуваат во деловните банки
Од 15-ти следниот месец откако ќе се пуштат во оптек новите полимерни банкноти од 10 и 50 денари, книжните банкноти во истата апоенска вредност нема да бидат законско средство за плаќање.
Граѓаните кои ќе поседуваат книжни банкноти по 15-ти мај ќе може бесплатно да ги заменат за други банкноти или ковани пари во еквивалентен износ во деловните банки. Замената ќе се врши до 15 мај 2019 година, по овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија.
По 15 мај во оптек остануваат кованите пари од 10 и 50 денари.
Полимерните банкноти ќе може да се користат за готовински плаќања, како и за плаќања преку автомати за наплата откако фирмите коишто ги инсталираат овие автомати во Република Македонија ќе ги приспособат нивните софтвери за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните банкноти во апоенска вредност од 10 и 50 денари.
Ново на Сител
-
ДУИ реагира зошто меѓу спортистите кои добија национални признанија нема Албанци
-
И пулмолози од Скопје ќе одат во кочанската болница - Од наредната недела почнува рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот
-
Странските влијанија и можноста за отпор против лажните вести
-
Експертска дебата по препораките на Брисел за реформи на Судскиот совет
-
Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај
-
Преглед на вестите од светот
-
Научно-стручна распава по предлог-законот за Судски совет
-
Идризи за Сител: Не го направив намерно, случајот се политизира