Книжевна средба со авторите Марија Павловиќ и Петар Денчев

Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ-Транзен“ во соработка со Издавачката куќа „Готен“ синоќа организираа вечерна интерактивна средба со еминентните автори Марија Павловиќ од Србија и Петар Денчев од Бугарија. На средбата се зборуваше за нивното творештво, за балканската литературна и културна сцена, за предизвиците со кои се соочуваат авторите од овие простори, за јазичните бариери и блискости, како и затоа каков е односот на македонската книжевна сцена во однос со оние од соседството.
Модератор на вечерта беше Далибор Плечиќ, кој го претстави творештвото на двајцата автори.
Марија Павловиќ е родена 1984 година во Лесковац, Србија. Авторка е на кратки приказни, драмски текст, песни, кратки раскази. Живее и работи во Берлин, каде е на докторски студии на компаративна книжевност на Freie Универзитетот.
Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер. Има номинации и награди од различни конкурси за поезија, проза. Со романот “Како што мажот ja бакнува љубената“ победил на конкурсот за нов бугарски роман “Развој” во 2007 година.Во периодот 2017-2018 година е драматург на Драмски театар „Стојан Бачваров“ во Варна. Во театарот работи според текстови на автори како Едвард Олби, Жорди Галсеран, Сара Рул, Шекспир, Молиер. Негови претстави учествувале на фестивали и форуми во Србија, Романија, Косово и Црна Гора.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
