Кнесетот ќе гласа за легализација на канабисот
Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“.
Според израелскиот весник, Кнесетот треба да го усвои предлог-законот што го предложи Шарн Хаскел од владејачката партија, конзервативната Ликуд.
– Мојот предлог-закон за декриминализација на канабисот ќе биде усвоен денеска од законодавниот комитет. Тоа е одлична вест за борба на повеќе од еден милион граѓани и за десетици илјади пациенти кои чекаат на денот кога државата Израел ќе престане да ги третира како криминалци, рече Хаскел.
Според законот, канабисот ќе биде дозволен за употреба за израелски државјани на возраст над 21 година, со исклучок на оние граѓани кои работат во безбедносните служби, додава „Ерусалим Пост“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
