Клус: Наша стратешка цел е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ
Стратешка цел на Словачка е Македонија и Албанија што побрзо да станат членки на ЕУ и затоа Братислава е против раздвојување на преговарачкиот процес за двете земји и смета дека тие треба да ги почнат преговорите заедно, изјави денеска словачкиот заменик министер за надворешни работи Мартин Клус.
– Така е полесно и за двете земји, а и за нас, бидејќи полесно ќе можеме да ги споделуваме искуствата, дури оние што ги има Словачка, што секако не се само позитивни. Ако двете земји ги започнат преговорите заеднички, ќе можеме побрзо да ги донесе и Македонија и Албанија во ЕУ. Тоа е стратешка цел на Словачка, истакна Клус на денешната промоција на словачката донација за Клиниката за детски болести.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со т.н. нон-пејпери што се појавија последниве недели, Клус рече дека можеби е подобро што не ги знаеме нивните автори, бидејќи тие документи носат опасна идеја за промена на границите во регионот.
– Секој обид да се разговара за духовите од историјата, дури и за промена на границите треба да се тргне од маса. Треба да се фокусираме на позитивната агенда и на процесот на проширување на ЕУ, а не на исторски, јазички или билатерални прашања. Словачка е поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи тој не е важан само за регионот, туку и за нас, додаде Клус
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
