Клоп: Момците играат во нивните дворови како да се деца на пет или шест години, ние сакаме да се вратиме на теренот
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека пред продолжување на сезоната, играчите ќе треба да поминат дополнителен тренинг.
– Момците имаат многу работа, физичка работа, затоа што сите очекуваме повторно да излеземе на теренот. Не знам точно кога тоа ќе се случи, но мора да се подготвиме за тоа. Сега им даваме задача и тие работат во нивните дворови. Тие се играат како дечиња на возраст од 5 или 6 години. И ние ќе се обидеме да го пренесеме ова расположение на теренот, изјави Клоп.
Германецот верува дека враќањето на стадионите ќе се случи наскоро.
– Кога повторно сме близу, мора да ја искористиме максимално од ситуацијата. Не знам колку долго ќе се подготвиме за натпреварите, но ќе с еобидеме да го сториме тоа, истакна Клоп.
Ливерпул е убедливо прв на табелата во Премиер лигата.
Ново на Сител
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО
-
Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница
-
Во беровската полиција однесено неексплодирано убојно средство
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра