Клоп: Ливерпул е во чудна ситуација, ќе биде сензација ако го освоиме трофејот
Во пресрет на денешното дерби со Манчестер Сити, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим.
– Не сум сигурен дека некогаш сте виделе ваква ситуација со повреди како оваа сезона. Ниту еднаш од стартот на првенството не се случи сите тројца наши централни дефанзивци да ги имам на располагање. Јасно е дека ова може да се случи, поради оваа причина постои составот и можат други играчи да ги заземат местата на повредените. Но, кај нас уште од самиот почеток на сезоната двајца дефанзивци беа елиминирани, а еден прво играше, а потоа се повреди и ќе биде вон конкуренција до крајот на сезоната.
Нашата ситуација е толку чудна, што ако станеме шампиони, тоа ќе беше неверојатна сензација, изјави Клоп.
Натпреварот Ливерпул – Манчестер сити е закажан за попладне од 17:30 часот.
Сити е лидер на табелата во Премиер лигата со 47 бода, Ливерпул има 40 и натпревар повеќе.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци