Клоп го напушта Ливерпул на крајот од сезоната

Тренерот на англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул, Јирген Клоп (56), одлучи да го напушти клубот на крајот од сезоната во Премиер лигата.
Информацијата попладнево ја потврди Ливерпул, објавувајќи драматично видеообраќање на германскиот стратег.
„Можам да разберам дека ова е шок за многу луѓе во моментот кога прв пат ќе го слушнат, но очигледно можам да објаснам или барем да се обидам да дадам објаснување. Сакам апсолутно сè што е поврзано со овој клуб, сè што е поврзано со овој град, сè што е поврзано со навивачите и со луѓето во клубот, сè во Ливерпул. Но, тоа што ја носам оваа одлука покажува дека сум убеден дека е вистинската. Се чувствувам како да снемувам енергија. Сега немам проблем, но очигледно веќе подолго време знаев дека ова треба да го кажам во еден момент, и сега сум добро.“, порача Клоп.
Германскиот тренер дојде во Ливерпул во 2015 година и со клубот од Енфилд освои шест големи трофеи: Премиер лигата (2018/19), Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА и ФИФА Светското клупско првенство (2019), Лига Купот и ФА Купот (2021/22).
Ливерпул во средата се пласираше во финалето во Карабао купот, а во Премиер лигата во моментов е првопласиран на табелата со 48 бодови, пет повеќе од Манчестер сити кој има одиграно натпревар помалку.
Ново на Сител
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
-

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела
-

Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси
-

Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
-

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
-

Армијата и Министерството за одбрана ќе им оддадат почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
-

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
