-->
-->
КЈП„Водовод“ од Кочани со пилот проект за намалување на загубата на вода
-->

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани е влезено како пилот претпријатие од Република Македонија во кое ќе се реализира проектот за намалување на загубите на вода од градскиот водовод.
Ова е проект на германската и швајцарската агенција за развој финансиран со буџет од 500 илјади евра, а вклучени се 9 комунални претпријатија по три од Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.
- Со овој проект сакаме да ја зајакнеме работата на КЈП „Водовод“ и да ја намалиме загубата на вода од градскиот водовод. За реализација на овој проект се обезбедени финансиски средства од 30 илјади евра, истакна на денешната прес-конференција Самир Алибабиќ, проект менаџер на компанијата „Аква сан“ од Босна и Херцеговина.
- Од овој проект очекуваме многу, пред се да се намали загубата на вода од градскиот водовод во Кочани. Ние сме носители на проектот во Република Македонија. Заедно со нас се вклучени и Комуналните претпријатија од Виница и Гевгелија, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“ од Кочани. Овој проект, според најавите, ќе се имплементира во наредните три месеци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
