Македонија
15. February 2018 - 14:01

Ќерката на убиената кочанчанка надвор од животна опсност

Дваесет и двегодишната кочанчанка, која утринава беше повредена од сопствениот татко, додека се обидувала да го запре во намерата да ја убие мајка и, е вон животна опасност, дознава „Фокус“ од кочанската болница.

Девојката од интезивна нега е спуштена на одделение, што значи дека е во свест, а имала само гребнатини, за среќа не и убоди.

Таа се обиде да ја спаси мајка си, која беше убиена од татко и кој потоа се самоуби.