Ќе се снима продолжение на култниот филм „Треинспотинг“

Долгоочекуваното продолжение на филмот „Треинспотинг“ ќе започне да се снима во мај во Единбург, најави Дени Бојл, режисерот кој ќе се потпише и на вториот дел.
Бојл веќе пристигна во Единбург, со цел да ја избере локацијата за снимањето на продолжението од овој култен филм.
Исто така, на Фејсбук страната „Humans of Edinburgh“, објавен е дел од интервјуто со режисерот, во кое тој забележува дека градот, кој послужи за сценографија во оргиналниот дел, е драстично променет во изминатите 20 години.
- Откако го снимивме првиот дел, Единбург е драстично променет, забележа Бојл, и откри дека на сетот на Еван Мекрегори ќе се придружат Џони Ли Милер, Роберт Карлајл и Јуен Бремнер.
Сценериото за продолжението го напиша Џон Хоџ, кој беше сценарист на оргиналниот филм и за тоа е награден со БАФТА награда во 1996 година.
Приказната ќе ги следи познатите анти-херои во подоцнежните години од животот.
Меѓутоа, се уште не е познато дали во продолжението ќе се најде место за Кели Мекдоналд, која во оргиналниот дел ја толкуваше улогата на средношколката Дајан.
Ново на Сител
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
-

Скандал во Штип, малолетни девојчиња жртви на злоставување од професор
-

Работните групи го кројат новиот изборен законик без СДСМ
-

Нови партиски обвинувања за бугарофилството
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
